Кари го доби признанието кое НБА го доделува од минатата година

Дерби

26/04/2024

13:58

3.804

Големина на фонт

а а а

Стеф Кари ја заврши НБА сезоната на разочарувачки начин, бидејќи неговиот тим не обезбеди место во плејофот, но барем мала утеха ќе му биде признанието кое го доби од лигата.

Ѕвездата на Голден Стејт е добитник на наградата „клач“ играч на сезоната, што значи најдобар играч во решавачките моменти од натпреварите во текот на сезоната.

НБА почна да доделува вакво признание од минатата година, а во конкуренција е ефектот во последните пет минути на натпреварите на кои разликата не била поголема од пет поени.

Кари постигнал дури 189 поени во ваква ситуација, а Голден Стејт одиграл најмногу вакви натпревари (48) во цела лига.

Кари собрал најмногу гласови и го освоил првото место пред ДеМар ДеРозен од Чикаго и Шеј Гилџус-Александер од редовите на Оклахома Сити. Јокиќ го освоил четвртото место, а вкупно 15 играчи добиле барем еден глас во овој избор. Прв добитник минатата сезона беше Ди’Ерон Фокс од редовите на Сакраменто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг