Таравари: ВЛЕН единствена албанска опција на 8-ми мај, промената доаѓа

Макфакс

27/04/2024

19:04

897

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во презентацијата на изборната програма на ВЛЕН рече дека оваа програма вреди и за луѓето и за програмата.

Таравари истакна дека сегашниот Устав има недостатоци и не ја претставува реалноста во државата. „Убедени сме дека сегашниот Устав има недостатоци, ограничен е и во многу делови не ја претставува денешната политичка, социјална и етничка реалност во државата“, рече Таравари.

Таравари потенцира дека промената е неопходна, додека заедно со промената мора да се смени и Уставот за да почнат преговорите со ЕУ.

“Ќе започнеме голема дебата и ќе изградиме консензус за нов, подемократски и модерен Устав, кој ќе ја редефинира државата како рамноправна држава на две мнозински заедници“, рече Таравари.

На крајот Таравари нагласи дека на 8-ми мај на изборите има само една албанска опција а тоа е коалицијата ВЛЕН.



Спонзорирани линкови

Маркетинг