[ФОТО] Никол Кидман за првпат на јавноста ги покажала своите две пораснати ќерки кои неверојатно наликуваат на нивниот татко: Тинејџерките се преслатки и имаат преубави очи

Точка

28/04/2024

12:34

11.212

Големина на фонт

а а а

Во саботата вечерта Никол Кидман се појавила на престижните „AFI Lifetime Achievement Awards“, на кои впрочем таа е добитничка.

Познатата актерка на црвениот тепих во Лос Анџелес се прошетала рака под рака со својот сопруг Кит Урбан, а на овој голем настан на парот се придружиле и нивните ќерки Сандеј Роуз (15) и Фејт Маргарет (13).

Со оглед на тоа што Кидман и Урбан никогаш не ги експонирале своите ќерки, ова било големо изненадување и единствена можност јавноста да види како изгледаат тинејџерките.


Прекрасната 56-годишна актерка блескала во златен, светкав фустан на „Balenciaga“, додека Сандеј и Фејт биле поедноставно и покласично стилизирани. Двете се одлучиле за тоалети во црвени бои, а станувало збор за креации со потпис на дизајнерката Моник Лулие.

Постарата Сандеј избрала фустан во потемна црвена нијанса со корсетиран горен дел и лелеаво сатенско здолниште, додека помладата Фејт блескала во портокалово-црвен фустан кој ја следи линијата на телото до колената каде што се шири во полн круг. Двете тинејџерки имаат долги, кафени коси и сини очи и неверојатно наликуваат на нивниот татко!


Кит и Никол се во среќен брак од 2006 година, а двете ќерки ги добиле со помош на сурогат мајка. Да потсетиме, за време на процесот на сурогат мајчинство, експертите создаваат ембрион со оплодување на јајцеклетките на жената која ќе биде мајка или јајцеклетките на донорката и сперматозоидите на мажот кој ќе биде татко или сперматозоидите на донорот.

Оттука и фактот дека девојчињата и те како наликуваат на своите родители.


По раѓањето на Сандеј, актерката се обидела да забремени преку ин витро, но не успеала, по што повторно ангажирале сурогат мајка.

Холивудската дива од претходниот брак со Том Круз има и две посвоени деца – ќерката Изабела (31) и синот Конор (29), но тие одлучиле да се дистанцираат од мајка си по разводот, најверојатно поради влијанието на Скиентолошката црква чии се следбеници, пренесуваат странските медиуми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг