Истражување: Вакцините би можеле да помогнат во борбата против отпорноста на антибиотици

Точка

28/04/2024

17:04

5.701

Големина на фонт

а а а

Користејќи нов пристап за развој на вакцини, истражувачите можеби се на прагот потенцијално решение за проблемот со бактериите отпорни на антибиотици.

Нивната експериментална вакцина им обезбедила на глувците високо ниво на имунитет против смртоносните нивоа на Staphylococcus aureus (S. aureus), важен човечки патоген и неговата форма на „супербактерија“, S. aureus отпорна на метицилин или MRSA, објавија истражувачите во „Nature Communications“.


Прекумерната употреба на антибиотици доведе до развој на супербактерии отпорни на најчесто достапните третмани. Затоа, многу се потребни нови антибиотици или други решенија, велат здравствените експерти.

За да развијат вакцина, истражувачите мора да идентификуваат молекула што телото ќе ја означи како туѓа. Овие молекули, или антигени, го стимулираат имунолошкиот систем да произведува антитела за борба против идните инфекции.

Додека повеќето вакцини се потпираат на протеински антигени, новата вакцина користи јаглехидрат наречен полисахарид поли-бета-(1-6)-N-ацетилглукозамин или PNAG, кој е присутен на клеточниот ѕид на многу бактерии.


Научниците успеале да идентификуваат 32 PNAG јаглени хидрати, и сите тие се состојат од пет шеќери, но со различни модели на одредени молекуларни компоненти, кои се или прикачени на друга мала молекула наречена ацетил група или воопшто не се поврзани.

Тимот открил две верзии на PNAG кои биле особено ветувачки и ги поврзаа со вирус кој инфицира бактерии.

Заедно со вирусот, двете комбинации на PNAG им обезбедија на глувците „речиси целосна заштита“ од инфекции со S. aureus и MRSA, со минимално влијание врз здравите организми кои живеат во цревата.


Широко распространетото присуство на PNAG во повеќе бактерии „го прави атрактивна цел за развој на вакцини“, додаваат тие.




Спонзорирани линкови

Маркетинг