Се договориле да ѝ донесе дрва, па откако му дала 100 евра си заминал и не се вратил: кумановка пријавила дека е измамена

Макфакс

28/04/2024

17:03

617

Големина на фонт

а а а

Седумдесет и двегодишна кумановка во полиција пријавила дека била измамена за 6.000 денари при набавка на дрва за огрев, информираше денеска СВР Куманово.

Вчера во СВР Куманово, 72-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лица за сума од 6.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ понудило огревни дрва и откако се договориле и таа му ги дала парите, тоа ѝ кажало дека дрвата ќе ги донесе од складот во кој наводно се наоѓаат, но не се вратило, по што сфатила дека е измамена, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Ова не е прв случај на измама при набавка на огревни дрва.

Во јануари годинава, беа пријавени два случаи на измами со огревни дрва, првиот повозрасен кумановец за сума од 3.000 денари и вториот случај, кумановка за 5.000 денари.


Во 2023 година на подрачјето на СВР Куманово биле регистрирани вкупно седум измами за дрва, а во 2022 година 15 вакви пријави. СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на овие измами.

-Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на 192, велат оттаму.



Спонзорирани линкови

Маркетинг