Сака го предупреди Сити: Лекцијата ја научивме…

Дерби

29/04/2024

11:54

1.318

Големина на фонт

а а а

Арсенал излезе како победник од дербито со Тотенхем (3-2) и со тоа остана во игра за пехарот во Премиер лигата.

Ова за „топчиите“ беше меч од исклучително значање, меч кој едноставно мораше да се добие како и сите преостанати до крајот што не е гаранција дека ќе се освои титулата, односно и во таков случај ќе мора да се чека на кикс на Манчестер Сити.

Сепак мора да се оди чекор по чекор, испитот против „петлите“ е положен и сега остануваат уште три финалиња до крајот.

Букајо Сака беше еден од стрелците на погодоците, а по средбата тој испрати предупредување, порака до „граѓаните“ дека тие ја научиле лекцијата од минатата сезона и ќе напрваат се за да дојдат до триумф во најсилниот англиски шампионат.

- Сити е неверојатен тим, ама никој не е совршен. Нема многу простор за грешка. Сега имаме искуство, ги научивме лекциите од минатата година. Минатата сезона, денешниот меч можеше да заврши нерешено, но сега го имаме искуството. Ќе се качиме во автобус, ќе ја ставиме играта и ќе се надеваме на најдоброто, - порача офанзивецот.

Момците на Артета се лидери на табелата со еден бод повеќе од бранителот на пехарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг