[ФОТО] Македонија има светски шампион во кикбокс: Илиоски го реши Дузенли и стана светски првак во ВАКО ПРО

Нетпрес

29/04/2024

12:50

5.790

Големина на фонт

а а а

Македонскиот кикбоксер, Бобан Илиоски ја доби битката со Берк Дузенли и стана светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1 до 88,6 килограми.

Првите две рунди поминаа во тактичка борба, имаа успешни акции и двајцата кикбоксери. Берк покажа зашто бил светски првак, многу жилав и тактички добро подготвен.


Во третата рунда Боби имаше два многу чисти удари. Висок удар, маегери, летечкои колено, лоу кик зададе Илиоски во 4.рунда, а на крајот прими две крошеа.


Во петтата неколку летечки колена, крошеа и директ од Боби.

Илиоски имаше целосна поддршка од публиката, а Комитите направија атмосфера како што доликува на ваков меч. Тој им се заблагодари на публиката и на Комитите и кажа дека ова е голема работа за него.


Илиоски е актуелен светски и европски ВАКО-аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Република Македонија, спортист на годината за 2023 година.


Ова е првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кикбокс-настан, кој е еден од најголемите настани во регионот. Настанот е во организација на Кикбокс маитаи-федерација на Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг