Заслужено признание: Избран е најдобриот тренер на сезоната во НБА лигата

Дерби

29/04/2024

14:00

4.584

Големина на фонт

а а а

И официјално е познат најдобриот тренер за сезоната 2023/2024 во НБА лигата-тоа е предводникот на Оклахома Сити Тандер, Марк Дагнолт.

Под неговото водство Окламоха стана најмладиот тим кој заврши на позицијата број еден во својата конференција или во случајот тоа е силниот Запад каде со учинок 57-25 (победи/порази) заврши на врвот пред актуелниот шампион Денвер Нагетс.

Тој стана втор тренер на ОКЦ кој го добил ова признание по Скот Брукс во 2010 година.

Марк доби најмногу поени, најмногу први места или поточно далеку зад себе ги остави Џамал Мозли од Орландо Меџик и Крис Финч од Минесота Тимбервулвс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг