Апасиев: Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава

Макфакс

29/04/2024

20:18

1.126

Големина на фонт

а а а

Апасиев од Битола истакна дека пред граѓаните стојат три платформи во изборот за претстојните Парламентарни избори:

,,Имате три платформи. Првата платформа е Тиранска платформа зад која стојат необалистички партии на албанското малцинство без оглед дали е ДУИ, дали е коалиција ВРЕДИ – тоа е еден ист концепт, кој води кон разградување на државата. Втората платформа е Софиска платформа зад која што стојат македонските буржујски партии: СДС и ДПМНЕ. И третата платформа, која ние денес јавно ја обзнанивме – тоа е Македонска платформа во 5 точки за зачувување на територијалниот интегритет, суверенитет, унитарноста и државните инсигнии”, велат од Левица.

Како што дополнуваат, Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава.

„На овие избори, македонскиот народ ќе стави крај на диктатите и поразите од режимот на СДС и ДУИ и повторно ќе ја возобнови Републиката“,завршуваат од Левица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг