Лоши вести за Французите пред Европското првенство

Макфакс

29/04/2024

21:11

1.497

Големина на фонт

а а а

Францускиот фудбалски голман Мајк Мењан го повреди мускулот на десната нога на само шест недели пред Европското првенство, соопшти неговиот клуб Милан.

Италијанскиот клуб објави дека Мењан, кој е прв голман на Франција, бил подложен на магнетна резонанца, која ја открила повредата, но не соопшти колку долго ќе паузира.

Повредата на Мењан е лоша вест за селекторот на Франција, Дидие Дешамп, кој на 16 мај ќе го објави својот тим за Европското првенство.

Првиот натпревар на Европското првенство Франција ќе го одигра на 17 јуни против Австрија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг