[ФОТО] Ен Хатавеј го привлече вниманието во креација на „Versace“: Огненоцрвен фустан и изрези под деколтето

Точка

30/04/2024

10:00

6.397

Големина на фонт

а а а

Ен Хатавеј ги привлече погледите на вчерашната премиера на филмот „The Idea of ​​You“ во Њујорк, појавувајќи се во тесен црвен фустан.

Имено, 41-годишната актерка пристигнала во Линколн центарот во Њујорк во креација на „Versace“ - долг црвен фустан без ракави, со изрези под деколтето и шлиц на страна.

Таа за оваа пригода избрала сребрен накит – обетки со зелени детали и сребрени прстени на двете раце. Хатавеј имала прилично неутрална шминка, а косата ја носела собрана во висок реп.

Актерката во последно време сè повеќе привлекува внимание со своите модни изданија, а стана и заштитно лице на модната куќа „Versace“.

Филмот „The Idea of You“ ја следи љубовната приказна помеѓу Солен (Ен Хатавеј) и Хејс, кој го игра Николас Галицин. Фановите со нетрпение го очекуваат, а ќе биде достапен на платформата „Prime Video“ на 2-ри мај.

Хатавеј, која е и продуцент на филмот, вели дека е почестена што побарале токму таа да ја глуми Солен.

„Сум читала и сакам љубовни приказни. Имав навистина среќа да бидам во многу од нив. Сум била и во многу филмови со мешан тон. И така, да пронајдам љубовна приказна во оваа фаза во мојата кариера која звучеше како вистинската, само сакав веднаш да се пријавам“, изјавила претходно Ен за филмот.





Спонзорирани линкови

Маркетинг