[ФОТО] Филипче: Ако сега се откажеме од борба, тоа е уништување на иднината за многу генерации

Точка

30/04/2024

10:18

534

Големина на фонт

а а а

Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче, од вчерашниот митинг во Неготино ги повика граѓаните за поддршка и подобар резултат на 8 мај.

„Како во животот, во спортот така и во политиката, нема вечни победници, ниту вечно поразени. Тешко е, но наша должност е повторно да се исправиме и да се избориме“, рече Филипче.


Оваа борба не е само на СДСМ, оваа борба е на сите граѓани што препознаваат дека во спротивно земјата повторно ќе биде вовлечена во старите режимски политики.

„Имаме обврска заради генерациите кои доаѓаат да ја чуваме жарта за општествени промени да тлее. После сите жртви што ги направивме како прогресивна и државотворна партија, недозволиво е сега да потклекнеме пред старите режимски политики. Ако сега се откажеме од борба, тоа е уништување на иднината за многу генерации“, изјави Филипче.


Тој вели дека е свесен за разочараноста на народот и заморот на долгиот пат кон Европската Унија, постојаните барања и покрај сè што направивме.

„Но, СДСМ секогаш гледа подалеку од дневно политичките интереси. СДСМ е единствена партија која го исправа кормилото на бродот кога тој ќе биде повлечен во погрешен правец. СДСМ е единствена партија која и покрај сите грешки, секогаш за водилка го има интересот и развојот на државата. Затоа, СДСМ им е потребен на граѓаните. Потребен е силен, достоинствен СДСМ кој ќе ја одржи и продолжи да ја промовира идејата за напредна и слободна држава“, рече Филипче.

Тој најави дека веднаш по изборите ќе започнат промените и во СДСМ за одново да се изгради довербата кај граѓаните.




Спонзорирани линкови

Маркетинг