[ВИДЕО] Хорор во Лондон: Бесен манијак со мачета избодел неколку лица на улица, дете им подлегна на повредите

Макфакс

30/04/2024

17:22

2.427

Големина на фонт

а а а

13-годишно момче загина, а уште четворица се повредени по напад што се случи во североисточен Лондон во близина на метро станица.

Пет лица биле итно префрлени во болница по инцидентот кога маж прво удрил во куќа со возило, а потоа со меч ги повредил минувачите и полицајците кои се обиделе да го задржат.

„Повредените лица бараат лекарска интервенција, но веруваме дека нивните повреди не се опасни по живот“, соопштија од полицијата.

Според главниот надзорник Стјуарт Бел, 36-годишниот маж кој беше уапсен утринава бил приведен нешто пред 7 часот наутро, 22 минути откако полицијата го примила првиот повик.

Тој моментално е во притвор.

„Би сакал во овој момент да потврдам дека не веруваме дека постои закана за пошироката јавност и не бараме други поединци“, додаде Стјуарт Бел.

„Се чини дека инцидентот не е поврзан со никаков терористички акт“, рече тој.

Пред нападот, маж во жолта качулка удрил со својот автомобил во куќа, а потоа излегол од возилото и почнал да мавта со самурајски меч.

На видеата направени од случајни минувачи, тој може да се види како шета од куќа до куќа.

Се се случило околу 7 часот утринава, а на терен се голем број полицајци.

Метро станицата Хаинолт беше веднаш затворена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг