Кимих не верува во „среќната ѕвезда“ на Реал: Тие победуваат поради две причини

Дерби

30/04/2024

13:49

2.280

Големина на фонт

а а а

Џошуа Кимих е еден од староседелците во Баерн Минхен и играч кој е симбол за фудбалската филозофија на Германците, а само со правилен пристап и максимално залагање баварците вечер ќе имаат шанси против најуспешниот тим во Европа.

Германскиот великан вечерва ќе го пречека Реал Мадрид во полуфиналето во Лигата на шампионите и сите се во исчекување на спектаклот на „Алијанц арена“, па во најавата за европското дерби, доста интересен беше ставот кој го испорача токму Џошуа.

Кимих беше запрашан за „среќната ѕвезда“ која ја има Реал кога настапува во Европа, но фудбалерот на Баерн одби да навлегува во детали за оваа теорија и посочи дека „кралевите“ ја заслужуваат почитта поради две работи, менталниот склоп и победничкиот менталитет кој го прикажуваат на секој важен меч.

– Кога Реал ја освои Лигата на шампионите пред две години, тие се враќаа од негатива на речиси секој меч. Не може да зборувате само за среќа. Мора да се нагласи дека тие имаат голема самодоверба во ресурсите кои ги поседуваат. Тие имаат индивидуален квалитет да го победат било кој противник, секогаш веруваат дека можат да се вратат.

– Мора да се потенцира нивниот квалитет и нивниот менталитет. Секогаш имаат талентирани фудбалери и многу големо искуство. Го видовме тоа и на двата натпревари против РБ Лајпциг. Лајпциг изгледаше како подобар тим на двата меча, но на крајот Реал беше тој што победи. Реал има нешто посебно со ова натпреварување, а тоа е така поради менталниот пристап и квалитетот кој го поседува, – заклучи Кимих.



Спонзорирани линкови

Маркетинг