Немилосрдниот Варди испрати „проектил“ на празна мрежа, фановите на Лестер воодушевени од капитенот

Дерби

30/04/2024

14:11

2.308

Големина на фонт

а а а

Лестер ја прекина мини-кризата во вистински момент и со серија победи го потврди првото место во Чемпионшип лигата, или поточно кажано, го официјализираше своето експресно враќање во Премиер лигата.

„Лисиците“ го заверија тоа на мечот со Саутемптон кој се одигра во претходното коло, а навивачите вчера без страдање го проследи мечот против Престон на кој беше забележана нова победа.

Лестер славеше со 0:3 во натпревар на кој два гола постигна Џејми Варди, капитенот кој стигна до бројката од 20 погодоци во сезоната.

Варди веќе е фудбалски ветеран и на 37 години полека влегува во завршницата од својата кариера, но страста која ја покажува и емоциите кои ги имаа во себе ги прават горди фановите на Лестер.

Човекот кој ја освои Премиер лигата доаѓајќи од најниските фудбалски лиги во Англија прерасна во вистински фудаблски мит и легенда на Лестер, а за навивачите вчера посебно интересно беше и неговото шутирање на топката на празен гол во моментите кога го постигна вториот гол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг