[ФОТО] Познатата актерка ослабела 35 килограми, а Барбара Стрејсенд ја понижила пред сите: „Дали користеше Оземпик?“ – Следела лавина негативни коментари

Точка

30/04/2024

15:04

3.735

Големина на фонт

а а а

Актерката Мелиса Мекарти отсекогаш важела за една од најдуховитите актерки, но и онаа која поради никогаш не се вклопила во совршената слика на Холивуд.

Меѓутоа, Мелиса ослабела речиси 35 килограми, но сепак не за губењето на килограмите и понатаму ништо не проговорила.

Таа во понеделникот на социјалната „Instagram“ објавила фотографија на која позирала со Адам Шенкман (59) во Лос Анџелес, а покрај стотиците коментари дека Мелиса изгледа прекрасно, еден го привлекол вниманието на сите.


Имено, актерката и пејачката Барбара Стрејсенд оставила, според многумина, многу злонамерен коментар.

„Поздрави го, дали си користела Оземпик“, гласел коментарот на Барбара, кој го избришала по неколку минути.

„Оземпик“ е лек кој во медицината се препишува на дијабетичари за регулирање на шеќерот во крвта. Меѓутоа, овој лек станал популарен во одредени кругови и се користи за губење на телесната тежина.


Побарувачката за него довела до немање на резерви низ целиот свет, па оние кои мораат да го користат не можат да го добијат.

Предизвикала лавина негативни коментари

Поминале само неколку минути по објавувањето на коментарот на Барбара, кога многумина ја осудиле и истакнале дека не смеела да остави таков коментар.

„Можеше да ѝ испратиш приватна порака! Ова е злобно“, „Како тоа те тангира тебе? Срам да ти е! Гледај ја својата работа“, „Зар не е важно тоа што сега е здрава, а не како ослабела? Ова е толку злонамерно“, гласеле само дел од коментарите.

Кога ја видела лавината од негативни коментари, Барбара одлучила да го избрише својот.


„Дали навистина го избриша коментарот? Срамота“, „Најлесно е така. Го избриша коментарот и никому ништо“, продолжиле тие.

Рака на срце, Барбара не е единствената која се запрашува како Мелиса ослабела, дури и со месеци се пишувало дека користела „Оземпик“, а актерката никогаш не демантирала.


Во 2003 година Мелиса ослабела поради улога и тогаш изјавила дека никогаш повеќе нема да го направи тоа, а во 2015 година истакнала дека „престанала да се грижи за своите килограми“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг