Овошјето кое сите го обожуваме – ја штити вашата кожа, го подобрува видот, влијае врз здравјето на срцето...

Точка

30/04/2024

16:16

8.479

Големина на фонт

а а а

Праските за многумина се омиленото овошје во кое уживаат особено во текот на топлите, летни денови.

Пожелно е да ги вметнете праските во вашата исхрана затоа што благодарение на нивните растителни влакна, антиоксиданти и витамини, придонесуваат во подобрата состојба на организмот.

Позитивно влијаат на дигестивниот систем

Како што пренесува „Health Shots“, праските се овошје кое содржи растителни влакна, а тие се клучни за нормалната работа на дигестивниот систем. Во околу сто грама праски има 1,5 грама растителни влакна, а токму тие се клучни за здравјето на дигестивниот систем, тврди диететичарката Девананда.


Влијаат на слабеењето

Праските се особено нискокалорични и не содржат масти, а благодарение на растителните влакна, тие се одличен избор за сите оние кои сакаат да изгубат килограми или да ја одржат посакуваната телесна тежина. Праските се прекрасен избор за меѓуоброк затоа што го поттикнуваат чувството на ситост, со што обезбедуваат човекот во текот на денот да не се прејадува.

Јакнење на имунолошкиот систем

Освен што се вкусни, праските можат да помогнат во јакнење на имунолошкиот систем. Диететичарката истaкнува дека праските го јакнат имунолошкиот систем, штитат од болести како настинки и грипови и ја подобруваат целокупната имунолошка функција, пренeсува „Health Shots“.

Позитивно влијаат на здравјето на срцето

Оние поединци кои имаат недостаток на калциум, почесто треба да јадат праски. Околу сто грама праски содржат 122 милиграми калциум кој може да помогне во регулирање на крвниoт притисок и одржување на здравјето на срцето.


Заштита на кожата

Јадењето праски влијае на заштитата на кожата од штетни ултравиолетови здраци, благодарение на антиоксидантите, витаминот Ц и бета-каротенот. Ова овошје не ја штити само кожата туку го подобрува нејзиниот изглед, давајќи ѝ здравје и блескав изглед.

Влијание на здравјето на очите

Праските се богати со витамин А и бета-каротен кои позитивно влијаат на здравјето на очите, тврдат диететичарите. Редовното консумирање на ова популарно овошје помага во одржување на добриот вид и значително го намалува ризикот од катаракта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг