[ВИДЕО] Претседателска дебата: За Силјановска-Давкова се невообичаени предизборните условувања на партиите на Албанците, Пендаровски ѝ порача оти и Мицкоски условува пред избори

Точка

01/05/2024

11:15

3.664

Големина на фонт

а а а

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова денеска се соочија во „Претседателска дебата“ на ТВ21.

Кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вечерва изјави дека ја прифаќаат Преговарачката рамка, но не и уставните измени. Во претседателската дебата заедно со кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски на ТВ21 потенцираше дека уставните измени нема да го решат проблемот, туку дека напротив ќе го продлабочат.

„Преговарачката рамка ние ја прифаќаме. Ние не го прифаќаме само елементот врзан за уставните измени и мислиме дека со поинаква добрососедска интерпретација, дека ако се копенхагенски критериуми во прашање може вето, нека си разговараат комисиите инаку не може да се употреби тоа за вето и ги почитуваме европските темелни вредности и принципи и преговарачката рамка, ама и себе претседателе“, рече Силјановска Давкова.

Гордана Силјановска Давкова не е воопшто независна, туку целосно зависна партиска кандидатка, смета кандидатот за претседател Стево Пендаровски на вечерашниот ТВ дуел.

„Вие не можете да кажете дека немате ништо со ВМРО-ДПМНЕ и дека сте сама со себе, а истата партија што сега ви дава поддршка беше 11 години на власт и недолжни луѓе во затвор завршуваа. Зошто само со пратенички потписи влеговте во кампањата, а ги фрливте тие 20.000 граѓански потписи?“ ја праша Пендаровски Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова оцени дека ако некој однапред прави сценарио за уставните измени, што инаку е еден од главните услови на политичките партии на Албанците за учество во идната влада, на тој начин го негира и го супституира Собранието.

Кандидатот на СДСМ, пак, во овој контекст кажа дека ставот на Силјановска-Давкова е сосема спротивен од повикот за коалицирање од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште пред одржување на изборите.

Силјановска Давкова му порача на својот противкандидат, кој зборуваше за фри-шопови, дека не му личи на претседател да измислува и вака да се однесува.

„Јас ви го признав резултатот, вие умрете барем машки“, порача Давкова.

На ова Пендаровски и врати „ви благодарам на формулацијата околу умирањето“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг