Своите 5 деца ги влечела по мотели, а сега сака шесто дете: Неуспешната актерка по пропаднатиот брак сака повторно да се оствари како мајка

Точка

02/05/2024

15:48

4.061

Големина на фонт

а а а

Тори Спелинг во поткастот „Misspeling“ открила дека сака шесто дете, пренесува „Page Six“. Кога гостинката Сара Еванс зборувала дека сака да остане бремена, 50-годишната Спелинг се согласила со неа.

Подоцна, Спелинг се пошегувала со сопругот на Еванс, предлагајќи им да им помогне на двајцата да забременат. „Требаше да ги замрзнам своите јајцеклетки“, рекла ѕвездата која е мајка на Лијам (17), Стела (15), Хети (12), Фин (11) и Беа (7).


Таткото на нејзините деца е Дун МекДермот од кого Спелинг се разведува. Поранешниот пар стапиле во брак во 2006 година и останале заедно дури и откако МекДермот во 2014 година признал дека ја изневерувал својата сопруга.

Меѓутоа, и тие се запознале и ги изневериле своите сопружници, Чарли Шанијан и Мери Џо Еустас. Но, во јуни 2023 година парот сепак се разделил. Неодамна, Тери изјавила дека по објавувањето на разводот сè уште се сомнева дали донела добра одлука. Најмногу стравувала како тоа ќе влијае на нивните деца.


МекДермот, пак, продолжил понатаму и среќата ја нашол покрај Лили Кало, додека Спелинг сè уште се обидува да го најде „вистинскиот“.

„Јас имам 5 деца. Кој би го сакал тоа?“, изјавила ѕвездата која е загрижена околу пронаоѓањето на новиот партнер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг