[ВИДЕО] Германски амбасадор бегал од бесните палестинци: Шокантни снимки, студентите ја прекинаа средбата, дипломатите трчаа кон возилата

Точка

01/05/2024

19:20

4.017

Големина на фонт

а а а

Германскиот амбасадор во Палестина Оливер Овча бил принуден да бега кога група студенти го бркале за време на посетата на Универзитетот Бирцајт на Западниот Брег.

Локалните медиуми објавија дека студентите бркале германски дипломат поради поддршката на неговата земја за Израел во војната против Хамас. „Ерусалим пост“ објави дека Овча бил меѓу европските пратеници кои присуствувале на состанокот во Националниот музеј на Палестина во кампусот на Универзитетот Бирцајт северно од Рамала.

- Излезете - им викаа студентите на дипломатите.

На едно видео објавено на социјалните мрежи се гледа како Овча набрзина оди кон своето возило додека демонстрантите го следат, додека на другото се гледа како тие удираат во автомобилот и го кршат ретровизорот.

Оштетени се неколку дипломатски возила.

Еден од дипломатите изјавил за Ројтерс дека толпата студенти се појавиле пред зградата каде што се одржувал состанокот, барајќи пратениците да си заминат, а обидите да се разговара со демонстрантите биле неуспешни. Тој додал дека никој не бил повреден или сериозно загрозен.

Овча на социјалните мрежи го омаловажил значењето на инцидентот.

- Жалиме што демонстрантите неоправдано го прекинаа денешниот состанок на шефовите на мисиите на ЕУ во Националниот музеј во Бирцајт. Остануваме посветени на конструктивна работа со нашите палестински партнери – напиша Овча.

Германија се смета за еден од најверните сојузници на Израел во Европа.

Премиерот Олаф Шолц беше првиот, од големиот број на западни лидери, кој оствари солидарни посети по нападот на Хамас на 7-ми октомври, а Берлин интервенираше во име на Израел во Меѓународниот суд на правдата за да ги отфрли наводите на Јужна Африка за наводен геноцид во Појасот Газа.

Сепак, Германија досега има дадено повеќе од една милијарда евра помош за палестинските власти и се залага за правата на Палестинците и за мировен договор помеѓу двете земји.



Спонзорирани линкови

Маркетинг