[ВИДЕО/ФОТО] “Ќе го изгасиме олимпискиот оган“: Хаос на улиците во Париз, демонстрантите кршеа излози, полицијата ги растеруваше со пендреци

Точка

01/05/2024

18:11

3.928

Големина на фонт

а а а

Полицијата употреби сила против демонстрантите во Париз за време на традиционалните првомајски протести, а има и повредени лица, јави дописникот на РИА Новости.

Првомајските демонстрации се префрлија од „Плоштадот на Републиката“ до „Плоштадот на народот“. Меѓу учесниците имаше неколку стотици радикали од црниот блок, облечени во црно, а лицата им беа покриени со маски и качулки. Набргу по почетокот на поворката почнале да кршат излози и автобуски постојки.

Интервенирала полицијата. Кон нив радикалите фрлале петарди, огномети и стаклени шишиња. Тогаш полицајците почнале да ги туркаат демонстрантите со пендреците. Тие ги собориле луѓето на земја, а неколку луѓе биле повредени.

Учесниците на протестот барале зголемување на платите на работниците, но повикувале и на мир во Газа и се заканувале дека ќе го изгаснат олимпискиот оган, пишува „Вашингтон пост“, додавајќи дека демонстрантите ги запалиле олимписките прстени.

На протестите можеле да се забележат разни транспаренти на кои меѓу другото пишувало „Макрон, те мразам од дното на душата“.

Кога колоната стигнала до Плас де ла Бастилја, полицијата се обидела да ги подели демонстрантите во групи. Тие блокирале дел од булеварот Волтер, туркајќи ги луѓето назад, а на плоштадот почнале да фрлаат солзавец во толпата.

На први мај во Франција традиционално се одржуваат маршеви во чест на Денот на трудот. Според органите на прогонот, најавени се вкупно 270 акции во кои можат да учествуваат од 130.000 до 150.000 луѓе.

Полициската префектура на главниот град соопшти дека на демонстрациите се очекуваат меѓу 15 и 30 илјади учесници. Пред почетокот на акцијата извршен е претрес на околу 500 лица, одземени се ножеви и боксерски ракавици, а приведени се 15 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг