[ФОТО] Пијана жена открила ново место за паркирање

Точка

02/05/2024

12:16

4.966

Големина на фонт

а а а

Полицијата останала зачудена по дојавата дека автомобил успеал да се искачи на сообраќаен знак.

Тоа се случило во Ен Арбор во сојузната држава Мичиген кога весело друштво од четири девојки ја завршило забавата на несекојдневен начин. Бел „Dodge Charger“ успеал да се искачи на знак за забрането паркирање и буквално останал во речиси вертикална положба.

Полицијата на местото на необичната несреќа пристигнала во рекорден рок, но сепак предоцна за на самото место да ги сретне возачката и трите патнички. По истрагата, трите патнички биле пронајдени, вклучувајќи ја и 24-годишната возачка за која се утврдило дека била под дејство на алкохол.

Не е познато дали возачката одлучила да прослави за купување на нов автомобил, бидејќи истиот има тест таблички или станува збор за некој друг повод, но последиците се јасни. Жената ќе се соочи со обвинение по неколку точки, а автомобилот мора на сервис.

Освен големата парична казна, и се заканува казна затвор во траење од 180 дена. Полицијата во својата објава нагласува дека „е голема среќа што немало посериозни повреди“, но и дека „секогаш треба да се планира враќање дома со трезен возач и никогаш да не се вози под дејство на алкохол“.

On 4/26/24 at approximately 3:40am, officers responded to a report of a single vehicle crash at Lincoln Avenue and Wells...

Posted by City of Ann Arbor - Police Department on Friday 26 April 2024



Спонзорирани линкови

Маркетинг