Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Макфакс

02/05/2024

13:23

4.891

Големина на фонт

а а а

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

На прес-конференција тој тврдеше дека не може да има Влада без двојно мнозинство, повикувајќи се на Рамковниот.

„Охридскиот рамковен доведе до две мнозинства, 61 и мнозинство по Бадентер. Забораваме и размислуваме само за едното мнозинство од 61. Едното секогаш оди со Бадентеровото. Ќе треба време за да ја сфатиме логиката на Охридскиот договор. Рамковниот договор има механизми за заштита на заедниците од надгласување, не е за заштита на мнозинската заедница. Затоа бара покрај 61 и Бадентерово мнозинство. Јалови се сите обиди да се потцени второто мнозинство при било кои избори по 2001 година“, рече Османи.


„Не може без двојно мнозинство да има функционален парламент. Дали треба да го нацртам поинаку“…, кажа Османи.

Тој упати низа обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ, мѓу кои дека секојдневно рециклираат националистички тези, флертуваат со проруски интереси, отворено се закнуваат на, како што рече, славното востание од 2001, ги зголемуваат тензиите меѓу етничките и верските заедници, додека ДУИ гарантираат стабилност и соживот.

Во врска со тоа како ќе настапат во вториот круг од претседателските избори, односно дали и кој од двајцата кандидати ДУИ ќе го поддржат, одлуката ќе биде соопштена во наредните денови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг