[ФОТО] Хит сцена во Москва: Русите изложиле воена опрема заробена во Украина, а со пораката на влезот ставиле сол на раната на членките на НАТО

Точка

02/05/2024

16:42

4.572

Големина на фонт

а а а

Западната воена техника заробена во борбите во Украина завршила на голема изложба на отворено во Москва.

Долга колона била формирана во средата на Меѓународниот ден на трудот пред влезот на изложбата „Трофеи на руската војска“ која се одржувала пред Музејот на советската победа над нацистичка Германија во 1945-та година.

„Историјата се повторува“, соопштило руското министерство за одбрана со потсетување дека Советскиот Сојуз во 1943-та година исто така организирало изложба на запленети германски тенкови и воена опрема.


Москва ја искористила изложбата во Паркот на победата за уште еднаш грубо да се пошегува на сметка на НАТО членките кои праќаат воена помош во Украина.

„Внимание! Персоналот на амбасадите од САД, Велика Британија, Германија, Франција и Полска влегуваат преку ред на изложбата“, пишувало на влезот.


На изложбата е прикажана воена техника од САД, Украина, Германија, Велика Британија, Франција, Турција, Австралија, Чешка, Австрија, Финска, Холандија, Шведска …

Првиот канал на државната телевизија пренел дека ѕвезда на изложбата била запленетиот борбен тенк „М1 Абрамс“ кој руските сили го онеспособиле во борбите кај Бердичи на истокот на Украина.


„Американците тенкот го промовираат како чудесно оружје, меѓутоа, сето тоа е бесмислица! Репутацијата на тенкот е уништена“, рекол новинарот кој со микрофон се качил на оклопното возило.

Изложен е и германскиот тенк „Леопард 2А6“, француското оклопно возило „AMX-10RC“, американското борбено возило „Бредли“, австралиското оклопно возило „ADI Bushmaster“, кое е тешко оштетено во борбите, британски оклопен транспортер „Saxon“ …


Русија се пофалила и со други трофеи, како што се германското борбено пешадиско возило „1A3 Marder“, американското возило за деминирање „М1150“ направено на основа на „Бредли“ и хаубицата „M777“ со калибар 155 мм, бројни советски тенкови кои ги користела Украина, јужноафриканскиот оклопен транспортер „Mamba APC“, турско „MRAP“ возило „Kirpi“, холандскиот оклопен транспортер „YPR-765“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потсетуваме, прокоментира дека западната алијанса не е дел од судирот меѓу Русија и Украина и дека нема потреба заплената на техниката да се изложува.


Изложбата во Москва е отворена само неколку дена откако Конгресот изгласа нов пакет воена помош за Киев вреден 61 милиони долари и во моментот кога руските сили ја пробија украинската линија за одбрана во Донбас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг