Контролирајте ги своите реакции: Наплив од оваа емоција го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар, велат експертите

Точка

02/05/2024

18:16

6.592

Големина на фонт

а а а

Бесот може да го зголеми ризикот од смрт со оштетување на срцето и крвните садови, велат истражувачите. Тоа значи дека „ладната глава“ може да ви помогне да живеете подолго.

Студија на „Универзитетот Колумбија“ покажала дека клетките во крвните садови на луѓето престануваат да работат правилно кога ќе се налутат. Оштетувањето на клетките може да го ограничи протокот на крв, што може да го зголеми притисокот на срцето и да го зголеми ризикот од срцев или мозочен удар.

Исто така, тоа долгорочно може да придонесе за срцеви заболувања. Анксиозноста и тагата не го загрозуваат здравјето толку многу како гневот, согласни биле истражувачите во „Journal of the American Medical Association“.


Авторот на студијата, професорот Даичи Шимбо, зборувал: „Други истражувања ги поврзаа чувствата на негативните емоции со срцев удар или други кардиоваскуларни случувања. Забележавме дека предизвикувањето на состојба на лутина доведуваат до дисфункција на крвните садови и дека нарушената васкуларна функција е поврзана со зголемен ризик од мозочен и срцев удар. Истражувањето на основните врски може да помогне во идентификацијата на ефективни цели за интервенција“.

Студијата вклучувала 280 учесници преку една од четири емотивни задачи. Тие морале или да се потсетат на лично сеќавање кое ги налутило, да се потсетат на лично сеќавање од анксиозност, да прочитаат низа депресивни реченици или повеќепати да бројат до 100, како би предизвикале неутрална состојба.


Во меѓувреме, научниците ги анализирале клетките во крвните садови на луѓето за да видат како секоја емоција влијае на нив. Откриле дека лутината доведува до нарушена вазодилатација до 40 минути потоа.

Професорот Глен Левин, од „Baylor College of Medicine“, за наодите изјавил: „Ова истражување додава на сè поголемата база докази дека менталната благосостојба може да влијае на кардиоваскуларното здравје“.

Срцевите заболувања се еден од најголемите убијци во Велика Британија, зад деменцијата како водечка причина за смрт.


Секоја година, сè повеќе од 100.000 луѓе се хоспитализирани поради срцев удар, а уште 100.000 поради мозочен удар.

Најдобар начин за одржување на здравјето се балансираната исхрана, одржувањето здрава тежина, редовното вежбање и избегнување на пушење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг