Кучињата на многу компании им послужија како инспирација за правење на роботи, а сега компанијата „Boston Dynamics“ отиде и чекор понапред во однос на конкуренцијата, па претстави робот кој личи на домашен миленик многу повеќе отколку тие на конкуренцијата.
Нивното оригинално куче-робот се вика Спот Мини, а сега доби крзно и тоа во сина боја. Покрај тоа, го доби и име Спарклс.
Станува збор за проект кој има за цел комбинирање на роботика, уметност и забава, па Спарклс има крзно во сина боја.
„Boston Dynamics“ не е соопштил ништо за тоа дали Спарклс ќе влезе во масовно производство.