Садик Кан по трет пат избран за градоначалник на Лондон

Нетпрес

05/05/2024

08:17

1.637

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, победи на изборите во главниот град по трет пат, победувајќи ја Сузан Хол од британската Конзервативна партија.

Кан, кој е од Лабуристичката партија, победи во девет од 14-те изборни единици во Лондон.

Тој обезбеди 1.088.225 гласови, додека за Хол гласале 812.397 гласачи, пренесува „Стандард“.

Актуелниот градоначалник, син на пакистански имигранти, стана заштитно лице во континуитетот на британската престолнина. Синот на возач на автобус првпат ја освои власта во Лондон во 2016 година кога стана првиот муслиман на чело на градот.

Со овој трет мандат, освоен против главната конзервативна противкандидатка Сузан Хол, по траење го надмина својот претходник, конзервативецот Борис Џонсон, кој двапати беше избран за градоначалник на Лондон.

Градоначалникот на Лондон беше исвиркан додека го започна својот победнички говор, пренесува „Гардијан“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг