Шок во Америка: Поранешен играч на Лејкерс почина на 33-годишна возраст

Дерби

05/05/2024

13:23

4.618

Големина на фонт

а а а

Американската спортска јавност рано утрово беше фокусирана на плејоф полуфиналето кое го играа Денвер и Минесота на Западот, но истовремено најголем дел од медиумите пренесоа и една вест која ги растажи фановите.

Порарнешниот НБА кошаркар Дариус Морис починал во неразјаснети околности на само 33-годишна возраст и го завил во црно своето семејство, кое за жал ја потврди најлошата вест преку кратко сооптение за ТМЗ.

– Со голема тага и разочарување соопштуваме дека почина нашиот сакан син, Дариус Аррон Морис. Во овие тешки и траорни времиња, семејството бара почит за да го испратиме нашиот син во приватност и заедничка тага, – гласи соопштението.

Угледните американски новинари ја почитуваат желбата на семејството и засега не откриваат што е последица на прераната смрт, па во овој момент не преостанува ништо друго, освен да се одбележи неговото НБА патување.

Морис својата колеџ кариера ја почна во Мичиген од каде како 41-ви пик на драфтот се пресело во Лос Анџелес Лејкерс во 2011-та година, а како член на „езерџиите“ настапуваше две сезони во најсилната кошаркарска лига во ветот. Во сезоната 2013/14, Морис промени три тима и настапуваше за Филаделфија, ЛА Клиперс и Мемфис, а последна сезона во НБА му беше онаа во 2015-та година кога одигра 38 натпревари за Бруклин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг