МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Штип - Кочани: Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во трагедијата кај Крупиште

Макфакс

06/05/2024

15:09

5.996

Големина на фонт

а а а

Познат е идентитетот на мажот кој ноќеска загина во сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани.

– На 06.05.2024 во 02.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на с.Крупиште, патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје, излетало надвор од коловозот. По несреќата, возачот и сопатниците, И.М.(39) од Скопје и двајца малолетници биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што кај И.М. била констатирана смрт, додека кај возачот и малолетниците биле констатирани телесни повреди, информираа од полицијата.


Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Брзото возење е најчестата причина за сообраќајќи, велат од МВР и апелираат до возачите да возат внимателно за да спречат вакви несреќи.

Од почетокот на годинава, на експресниот пат Штип-Кочани се случија неколку сообраќајни несреќи во кои животите ги загубија вкупно пет лица. Пред само неколку недели во близина на ТИРЗ зоната во Штип се случи во тешка несреќа помеѓу две патнични возила во кој животот го загубија две лица, додека пак пред околу три месеци во близина на селото Чешиново епилогот беа две жртви и повредени лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг