„Утре дополнително ќе го разобличам и него и целата останата политичка криминална банда“: Боки 13 по наводните закани на Кичеец вели дека ќе открие сè во второто гостување кај Лазаров

Точка

06/05/2024

13:10

30.753

Големина на фонт

а а а

Боки 13 во Фејсбук статус реагира дека е мета на закани и притисоци од страна на две лица кои се блиски на Зоран Милевски-Кичеец, непосредно пред неговото второ гостување во поткастот кај Стефан Лазаров.

Како и секогаш, во негов манир тој вели дека нема успеат во намерата да го заплашат и дека вечерва во 20 часот ќе открие многу детали за нив.

Неговото излагање ви го пренесуваме во целост.

Ја известувам јавноста дека лица блиски и под команда на Зоран Милевски-Кичеец веќе неколку дена кон мене делуваат преку...

Posted by Boki Jovanovski on Sunday 5 May 2024

„Ја известувам јавноста дека лица блиски и под команда на Зоран Милевски-Кичеец веќе неколку дена кон мене делуваат преку разни форми на закани и притисоци со цел да го откажам утрешното второ гостување кај Лазаров! Воедно, заканите и уцените кулминираа вечерва (сега пред 15 мин) кога пред влезот на мојот стан ме пречекаа две лица да ми пренесат порака од Кичеец …

Па еве вака, јас нему му кажувам јавно, дека утре дополнително ќе го разобличам и него и целата останата политичка криминална банда и утре во 20 часот на интервјуто кај Лазаров ќе му одговорам на пораката која ми ја пренесоа неговите каубојци!!!

П.с за утре имам голем, обемен и многу содржаен материјал кој ќе го понесам со себе кај Лазаров!!! Нема да ме заплашите со ништо и нема да ме спречите, единствено може да го откажам утрешниот настап и да молчам ако ме убиете, друго решение немате!!!

П.с-2 Кичеец веќе има искуства со ликвидации и мафијашки пресметки со убиства, ваљда истражните органи тоа го знаат и подобро од мене, а ако не знаат ќе дознаат!!!

Се гледаме утре во 20 часот во второто продолжение, поткаст Лазаров!“




Спонзорирани линкови

Маркетинг