Овој филм е прогласен за најголемо промашување за минатата година

Точка

06/05/2024

16:47

4.465

Големина на фонт

а а а

Порталот „Deadline“ ги анализирал трошоците и заработката на минатогодишните блокбастери кои доживеаја огромни финансиски неуспеси во кината. Според нивниот извештај, „Disney“ изгубил дури 628 милиони долари минатата година бидејќи имал четири високобуџетни промашувања, од кои најлош бил филмот „The Marvels“.

Иако суперхеројскиот филм од 2019 година „Captain Marvel“ заработи повеќе од 1 милијарда долари, неговото продолжение минатата година заработи само 218 милиони долари. Кога ќе се соберат трошоците за продукција и маркетинг, „Disney“ потрошил 455 милиони долари на „The Marvels“, што значи дека студиото останало во минус од 237 милиони долари.

Лоша година за „Disney“

Заедно со „The Marvels“, најголемите промашувања на „Disney“ минатата година беа „Indiana Jones and the Dial of Destiny“, на кој студиото загуби 143 милиони долари, анимираниот филм „Wish“ кој довел до загуба од 131 милион долари и хорор-комедијата „Haunted Mansion“ на која „Disney“ изгубил 117 милиони долари.

Многу фанови беа изненадени кога дознаа дека „The Marvels“ поминал полошо од „The Flash“ на „DC“, за кој се веруваше дека е најголемото промашување за минатата година. Имено, студиото „Warner Bros.“ на суперхеројскиот филм со Езра Милер изгубил 155 милиони долари.

И покрај лошите резултати, „The Marvels“ и „The Flash“ им се допаднаа на публиката, која ги оцени со повеќе од 80 проценти на „Rotten Tomatoes“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг