Автобус излета од патот и се преврте во Перу: Најмалку 10 загинати меѓу нив и шестмесечно бебе

Макфакс

07/05/2024

09:53

519

Големина на фонт

а а а

Најмалку 10 лица загинаа кога патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.

Меѓуградскиот автобус се движел на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.

Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.


Државната телевизија Перу Нотицијас објави дека повредените, од кои некои се со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.

Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг