[ФОТО] Деми Мур се појавила со коса до колена, а кога се свртела, молк – екстраваганција на дело: Вака изгледа на 61 година, но тоа дело не е само на мајката природа

Точка

07/05/2024

10:49

6.684

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка Деми Мур вечерта на „Мет Галата“ го имала едниот од најексцентричните фустани на црвениот тепих. До израз дошла нејзината екстремно долга коса, како и нејзиниот изглед, кој според мислењето на многумина не е дело на природата.

Деми Мур на овогодишната „Мет Гала“ претставила исклучително долга коса до колена. Таа засенила и со нејзината топ линија, како и блескавата насмевка и сјајниот изглед. Фустанот во стил на раскошен цвет ги привлекол погледите на многумина.


Актерката била во друштво на британскиот дизајнер Харис Рид, а за нејзиниот изглед на 61-годишна возраст одамна се полемизира – ретко кој верува дека Деми Мур немала одредени естетски односно пластични корекции иако, „рака на срце“, за нејзиниот сјај се заслужни и енергијата и харизмата која ги поседува.


А нејзиниот стил предизвикува спротивставени реакции – на некои им се допаѓа овој нeобичен моден манир кој всушност е одговор на дрес-кодот на вечерта „Градина на времето, бидејќи „Мет Гала“ е костимографско шоу, а за некои нејзиниот стајлинг е на работ на кич. Впрочем, кога станува збор за оваа свеченост, неретко се кокетира со „кич модата“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг