Пеп Гвардиола веќе долго време е во Манчестер Сити, поточно тоа е клубот во кој најмногу се задржа во досегашната тренерска кариера.
Оствари огромни успеси со „граѓаните“, до крајот на сезоната може да донесе уште две титули (Премиер лигата и ФА Купот) и соа тоа само да ја продолжи импресивната низа на резултати.
Околу него се распрашувал Баерн Минхен кој е во потрага по нов тренер, наследник на Томас Тухел, потрага која оди тешко со оглед на тоа што досега бунделсигашот беше одбиен од Алонсо, Тухел и Рангник…па се бара друга опција која дефинитивно нема да биде ниту Гвардиола.
- Пеп го има Баерн во срцето, но не сака да го напушти Манчестер Сити ова лето. Тој е многу среќен и има договор до 2025 година. Враќањето во Баерн не е опција, - порачале од тимот на Пеп за „Скај Спортс“.