[ФОТО] Избрани најлошите изданија на „Мет Гала“: Една од омилените пејачки на денешницата ставила мрежа за комарци на главата, а Дуа Липа со стајлингот кој ѝ ја откривал тангата била мета на критики

Точка

07/05/2024

12:16

6.612

Големина на фонт

а а а

„Мет Гала“ долго ќе ги „памети“ најдобрите изданија од црвениот тепих од синоќешната церемонија во музејот „Метрополитен“ во Њујорк, но и модните киксови долго ќе се прераскажуваат.

Не е тешко да се погреши на модниот настан на годината, критериумите се високи, а модните предизвици во облик на темата и дрес-кодот на овој настан често се комплицирани … за некои. Притоа, модното дефиле е под лупа на љубителите на модата и разни критичари, а конкуренцијата е исклучително силна.




На списокот на модни неуспеси на овогодишната „Мет Гала“ се вброила и Амелија Греј, која носела незгоден балон фустан. Сара Џесика Паркер носела сличен крој на „Мат Галата“ и главно добила позитивни критики.


Една од омилените пејачки и овде на Балканот, Лана дел Реј, се појавила во необично модно издание кое го споредуваат со мрежа за комарци. Музичката ѕвезда со раскошен глас се водела од принципот на ексцентричност кој се бара на „Мет Галата“.

Настанот, исто така, бара и костими, па дури и малку бизарност, но и треба да се биде внимателен во сè.


Доста се коментира стајлингот на Лана, додека нејзината пријателка Тејлор Свифт отсуствувала овојпат – па фановите се тажни, дури и лути. Лана е на негативната листа на „Dailt Mail“, додека други ја сметаат за моден погодок.

Пејачката Дуа Липа се појавила во костим од Мулен Руж. Дел од корсетот создавал оптичка илузија, навидум да се гледа долната облека и од предната страна, но се гледал дел од стајлингот во боја на кожа, додека погледот одзади го откривал танга деталот.




Стајлингот е комплициран и конфузен и можеби повеќе би прилегал на некој друг, но на оваа пејачка изгледал несоодветно.

И таа е на листата на модни промашувања на „Daily Mail“, дали се согласувате со таа оцена?

Пофалби не добила ниту Кара Делевињ, чиј дел од аутфитот бил направен од кристали. Забележлива била нејзината тетоважа во облик на роза, а оваа модна ѕвезда инаку боледува од псоријаза кој често ја крие на црвениот тепих.


FKA Twigs носела комбинација слична на онаа на Емили Ратајковски, но не се прославила.


Имало уште неколку модни неуспеси, а првиот го прикажала Ема Чембрлен.





Спонзорирани линкови

Маркетинг