Тренерот на Џирона му одговори на Чави: Не се согласувам со неговиот заклучок

Дерби

07/05/2024

11:54

1.208

Големина на фонт

а а а

Џирона вторпат оваа сезона ја победи Барселона со 4:2 и во сабоата режираше незаборавен пресврт на „Монтиливи“, победа со која малиот каталонски тим за првпат во историјата обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Тренерот Мичел го почна својот пат во Втората шпанска лига и успеа со Џирона да стигне до најелитното натпреварување во период од само три години, успех кој само покажува колку фудбалот може да биде непредвидлив и на највисоко можно ниво.

Мичел е творецот на историскиот успех на Џирона и ќе биде запаметен како тренерот кој го однесе тимот во европскиот фудбалски крем, но и како човекот кој и ги нанесе првите два порази на Барселона.

До оваа сезона, Џирона никогаш во својата историја немаше прославено победа над Барса, но сега во период од неколку месеци во два наврати славеше со 4:2.

Во својата анализа по поразот, Чави Ернандес заклучи дека Барселона двапати загубила од Џирона на натпревари на кои била подобар тим, а оваа изјава на тренерот очигледно го предизвика Мичел да излезе со свој став во јавноста.

– Барса беше супериорна во првите 60 минути на натпреварот на „Монтиливи“, но во последните 30 имавме многу шанси и покрај трите гола кои ги постигнавме. Има многу моменти на еден фудбалски меч, а ние покажавме дека знаеме да страдаме и да се вратиме. Фудбалот се игра до крај, колку пати сме гледале како Реал прави пресврт…. Колкупати оваа сезона гледавме како Баер на Чаби Алонсо се враќа во последните минути?

– Чави ми честиташе по мечот и беше навистина нервозен. Јас му реков дека беа подобри од нас 60 минути, а потоа не се сретнавме поради цела прослава на стадионот. Не се согласувам со ставот дека биле подобри од нас на двата меча оваа сезона. На првиот меч имаа повеќе шутеви, но нашите шанси беа почисти. Ние правиме штета при секој наш опасен напад. На вториот меч бевме инфериорни 60 минути, но откако дадовме гол за 2:2, цел меч се промени. Доминиравме во завршните 30 минути и остваривме победа, – вели Мичел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг