[ВИДЕО] На Американец во Загреб му го оштетиле автомобилот поради српски регистарски таблички: Еве како им „се одмаздил“

Точка

07/05/2024

15:52

9.566

Големина на фонт

а а а

Познатиот инфлуенсер и јутјубер Јустус Рид пред два месеци доживеал непријатност во Загреб откако во градот пристигнал со српски регистарски таблички.

Имено, некој му ги отстранил регистарските ознаки и со клучеви го изгребал неговиот автомобил. Сега, тој покажал што направил после тоа.

Објавил видео во кое открил дека инцидентот се случил во близина на Кошаркарскиот центар „Дражен Петровиќ“, а после тоа се поврзал со кошаркарите на „Цибона“ и заедно почнале да го чистат квартот. Набрзо им се приклучиле бројни луѓе од Загреб, но и туристи од Холандија, Виетнам, Шкотска …



„Луѓето велат дека Хрватска е убава и безбедна. И тогаш, погледнав во каква населба се наоѓам. Улици полни со валкани графити и луѓе кои не ги забележуваат или, пак, едноставно не им е грижа. Бев лут. Морав да направам нешто околу тоа“, раскажал Рид.

„Повеќе направи за Хрватска од парламентот за овие 30 години“, „WTF, туристите ги мијат прозорците во Загреб? Ти си генијалец“, „Јас сум од Загреб, само сакам да ти се заблагодарам што го правиш сето ова“, „Американец направи повеќе за нас отколку ХДЗ откако се на власт“, биле само дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг