Ал Келаифи се огласи за иднината на Луис Енрике по елиминацијата од Борусија: Дали разбирате фудбал…

Дерби

08/05/2024

15:36

1.972

Големина на фонт

а а а

Насер Ал Келаифи повторно мораше да гледа како ПСЖ останува на чекор од едно големо финале во Лигата на шампионите, но додека француските медиуми пишуваат за ново големо разочарување, првиот човек на клубот сега е далеку порезервиран со изјавите.

Ал Келаифи смета дека патот на ПСЖ бил и повеќе од задоволителен во најелитното натпреварување, а посебно се налути на едно новинарско прашање поврзано за Луис Енрике.

– Ние треба да бидеме горди и горди сме на овој тим. Ова е најмладиот тим во Европа, стигнавме до три полуфиналиња во последните пет години. Нашиот пат не завршува тука, ова не е крај на светот.


– Мора да продолжиме да работиме, овојпат навистина немавме среќа, целосно ни го заврте грбот. Погодивме четири стативи, никогаш немам видено нешто вакво. Понекогаш има ситуации во кои не може ништо да направите.

– Создаваме нешто за иднината, сакаме да продолжиме со овој проект. Го имаме најмладиот тим во Европа и иднината е пред нас. Иднината на Луис Енрике? Какво е тоа прашање? Навистина не ми е јасно, дали разбирате фудбал……, – изјави Ал Келаифи кој максимално верува во човекот за кого пред три недели изјави дека е најдобар тренер во светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг