Ковачевски го призна поразот: „Ова е тежок удар за СДСМ“

Точка

08/05/2024

22:15

2.916

Големина на фонт

а а а

Лидерот на СДСМ, на прес-конференција го призна поразот и им ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Силјановска-Давкова.

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски и додава дека и тој и сите партиски функционери имаат одговорност.

„СДСМ повторно покажа државотворност и одговорност по стоти пат. Најлесно беше по толку лажни обвинувања и напади на ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизираме нашето членство за гласање на претседателските избори. Не паднавме во таа замка. Покажавме дека Македонија ни е поважна, секогаш ќе биде така. Денешниот резултат е разочарувачки. На СДСМ му е зададен тежок удар, не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата. Во наредниот период детално ќе ги анализираме овие резултати“, рече Ковачевски.

– Не сакам да носам избрзани заклучоци и да посочувам виновници, додаде Ковачевски и кажа дека тој и партиското раководство имаат одговорност, сите именувани и избрани функционери, како и сите партиски функционери на локално ниво и на централно ниво.

Тој повика на нови внатрешни избори на сите партиски тела и на централно и на локално ниво, почнувајќи од претседателот на партијата, раководството, претседателите на општинските организации и сите органи и тела на партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг