Српската пејачка Анѓела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, стана предмет на критики на социјалните мрежи откако изјави дека е згрозена од настапот на ирската претставничка Бамби Таг на Евровизија.
Таа на Инстаграм објави дел од настапот на претставничката на Ирска и изјави: "Сакав да слушам, но не можам. Што е ова по ѓаволите? Дали се луѓето нормални?".
Набрзо следеа коментари и од оние кои сметаат дека Брешквица не треба никого да критикува бидејќи има тетоважа на ѓаволот на својата приватна област. Пејачката претходно на социјалните мрежи објави фотографии од тетоважа на која се гледаат рогови на ѓаволот.
„Немаш право да зборуваш. Имаш тетоважа на ѓаволот“, „Бресквица е лоша и љубоморна“, „Бресквица сака да го метат подот со неа. Тоа е единственото објаснување“, „Таа допрва треба да се приклучи на Задругата и толку“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Песната на Бамби Таг „Doomsday Blue“ го опишува скршеното срце и болката од невозвратена љубов.
Во текстот се споменува проклетството Авада Кадавра, кое потекнува од арамејскиот јазик и е популаризирано од франшизата Хари Потер. Авада Кадавра е позната како „убиствено проклетство“.