[ВИДЕО] И мечките знаат да уживаат: Влегле во дворот на ова семејство, се капеле, сончале и се качувале на дрвјата

Точка

09/05/2024

15:47

3.481

Големина на фонт

а а а

Преслатко семејство на мечки во Монровија, недалеку од Лос Анџелес, влегло во дворот на семејна куќа и „одлучиле“ таму да го поминат попладнето.

Во еден момент, големиот мечок помислил дека би било корисно да се разлади па скокнал во базенот и пливал додека двете младенчиња љубопитно го набљудувале и трчале низ дворот. Извесно време поминале качувајќи се на дрвото, додека возрасниот мечок го обиколил и балконот.

Сопственикот на куќата, Рик Мартинез, за „The Guardian“ изјавил дека ја слушнал вревата во дворот додека ручал.


„Едно од младенчињата се обиде да помине низ затворената стаклена врата“, зборувал тој и додал дека овие младенчиња биле најмладите кои досега ги видел, бидејќи ова не било првпат дворот на Мартинез да биде окупиран од мечки.

Имено, неговата куќа се наоѓа на самиот раб на шумата, па неговото семејство често го посетуваат диви животни. Мечките првпат биле забележани во дворот набргу по вселувањето во ноември 2022 година и оттогаш дивите ѕверки се враќаат постојано.

Мартинез признал дека на почетокот се плашеле од мечки, но потоа сфатиле дека нивниот двор е само попатна станица каде што не се задржуваат долго. Тие се држат настрана од луѓето и, како што тврдел Мартинез, доколку видат човек се вртат и заминуваат. Затоа тој и неговото семејство не ги вознемируваат мечките, туку само ги набљудуваат преку прозорецот.

„Го истражуваат имотот, понекогаш одат на базенот или си играат со играчките во дворот“, вели Мартинез.




Спонзорирани линкови

Маркетинг