[ВИДЕО] Туристи во Кина останале заглавени на висока карпа повеќе од еден час поради пренатрупаност на патеката

Точка

09/05/2024

16:40

1.642

Големина на фонт

а а а

Сè повеќе планини се соочуваат со проблеми на пренатрупаност, што доведува до бројни опасности како за природата, така и за планинарите и туристите.

Оваа недела, група алпинисти на планината Јанданг во источна Кина останале заглавени на дел од висока и стрмна карпа, држејќи се за јаже повеќе од еден час. Видеото можете да го погледнете ТУКА.


Од компанијата „Wenzhou Dingcheng Sports Development“, која продава билети и организира посети, велат дека го потцениле бројот на луѓе заинтересирани за искачување на планината.

Недостатокот на контрола на метежот, како што е систем за резервација на билети и недостиг од управување на лице место, довеле до блокада на патеката и заробување на планинари на рутата за искачување, се вели во изјавата на компанијата, пренесува „CNN“.


Продажбата на билетите е привремено прекината додека ситуацијата не се реши со цел да не се повтори ова, а во иднина се планира да се воведе систем за контрола на метежот за посетителите.

Планината Јанданг се наоѓа на 410 километри јужно од Шангај и е висока 1.150 метри.

За празникот 1-ви мај, кој трае една недела во Кина, исклучително голем број туристи решиле да заминат на излет, што довело до проблеми. Во 2001 година, планината Јанданг беше пријавена на листата за светско наследство и е на привремената листа на УНЕСКО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг