[ФОТО] Вештачката интелигенција направи подобри креации за Мет Галата од сите дизајнери? Сликите на Кејти Пери го докажуваат тоа

Точка

09/05/2024

18:19

5.585

Големина на фонт

а а а

Сликите од Кејти Пери од Мет Галата генерирани со вештачка интелигенција станаа вирални и собраа милиони лајкови и прегледи на мрежите. И покрај тоа што ѕвездата ја прескокна галата оваа година, испадна дека таа била најдобро облечена.

Иако цело време била во музичкото студио, Пери направи „хаос“ на интернет, убедувајќи поединци, па дури и сопствената мајка дека навистина позирала на скалите на Метрополитен музејот.

На една од сликите е прикажана пејачката на скалите на музејот облечена во светлобеж извезен фустан со 3Д цветови и детали од мов. Косата ѝ стигнувала до половината и ѝ била стилизирана во нежни локни. На сликата се гледа како Пери носи минимална шминка со светлоцрвен кармин.

Другата слика ја прикажува како шумска самовила-воин, со „мокра“ коса и бронзен корсет кој продолжува во лисја со бели цветови, создавајќи кратко здолниште.


Сликите ги објави самата Пери на Инстаграм со напис: „Не можев да стигнам на Мет Галата, морав да работам“. Таа, исто така, споделила скриншот од размена на пораки со нејзината мајка, која поверувала дека нејзината ќерка навистина била на настанот.


Но, и покрај тоа што сликите се лажни, корисниците на социјалните мрежи се убедени дека пејачката ги засенила сите други ѕвезди. Тие се согласни дека изгледот на Кејти Пери им бил омилен таа вечер.

„Кејти Пери го има најдобриот фустан на Мет Гала досега“, „Твојата слика која ја направила вештачката интелигенција беше подобра од сите вечерашни креации“, „Не ни присуствуваше, а имаше најиконичен изглед од сите“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг