[ВИДЕО/ФОТО] Русија ја покажа огромната моќ! Парада на победата во Москва! Свечено дефиле на Црвениот плоштад, учествувале повеќе од 9.000 војници

Точка

09/05/2024

20:35

5.070

Големина на фонт

а а а

На Црвениот плоштад во Москва почнала воената парада по повод Денот на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, а рускиот претседател Владимир Путин 21-ви пат учествува како Главен командант на војската.

На свечената парада во Москва ќе присуствуваат и претседателите на Белорусија, Казахстан, Таџикистан, Туркменистан, Кубан, Лаос и Гвинеја Бисао.

Во некои делови од земјата по повод Денот на победата – 9-ти мај, веќе се одржани воени паради.

Воени паради се одржани во Владивосток, Новосибирск, Хабаровск и други.

Во парадата учествуваат повеќе од 9.000 луѓе

Во Парадата на победата во Москва, како што е претходно најавено, оваа година ќе учествуваат повеќе од 9.000 луѓе и повеќе од 70 парчиња техника, како и две воздухопловни групи на пилотската акробатика на Военото воздухопловство на Русија – „Руски витези“ и „Стрижи“.

Во Русија секоја година на 9-ти мај, по повод Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, се одржуваат паради на победата во повеќе градови, а централната е на Црвениот плоштад во Москва.

Тогашниот Советски сојуз во Втората светска војна изгубил околу 27 милиони луѓе, од кои 14 милиони биле цивили.



Русија не поканила службеници од „непријателските земји“ на парадата

Русија не пратила покани за денешната воена парада до амбасадорите и службениците од земјите кои ги смета за непријателски, изјавила портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Захарова истакнала за „TAS“ дека службеници од непријателските земји не се поканети за Денот на победата трета година по ред.

„Тие не се поканети од 2022-ра година бидејќи режимите во тие земји водат, ајде тоа да го формулираме како непријателска политика, тоа е терминот кој е воведен, но тие всушност водат агресивна политика кон нашата земја, а ние тоа го формулираме како хибридна војна“, навела Захарова.


Претседателот на Русија Владимир Путин им се обратил на насобраните:

„Русија ќе направи се да не дојде до светски судир, ние нема да дозволиме никој да ни се заканува. Нашите стратешки сили секогаш се во приправност“, порачал тој. Тој на сите граѓани им го честитал Денот на победата.

Тој потсетил дека судбината на човештвото е решавана во големи битки кои се одиграле во Москва, Курск, Севастопољ …

На Црвениот плоштад маршираат кадети на Михајловската воена артилериска академија, главен центар за обука на припадниците на артилериските и ракетните единици.


Меѓу оние кои ја завршиле академијата, 163 добиле титула Херој на Советскиот Сојуз и Руската Федерација.


Покрај трибината минуваат и војници и 38-та посебна железничка бригада.

На чело на формацијата е командантот на бригадата, полковник Игор Орлов.

На маршот се приклучува и колона противвоздушни ракетни системи S-400. Борбените карактеристики на овие системи во целост се потврдени во Украина.


Почнал дел и од воздушната парада

Над Црвениот плоштад е славниот „кубански дијамант“ кој го сочинуваат девет акробатски тимови со „Su-30“ и „MiG-29“, „Руски Витези“ и „Стрижи“.

На крајот од парадата воени музичари од комбинираниот оркестар ја изведуваат песната „Татковина“.





Спонзорирани линкови

Маркетинг