Римац вели дека досега се продадени 50 „Невери“, проблемот е што истото го кажал и минатата година

Точка

09/05/2024

22:19

8.369

Големина на фонт

а а а

Три години по лансирањето на сериската „Nevera“ досега се продадени 50 примероци, што е една третина од планираните 150 примероци, рекол Мате Римац, зборувајќи на конференцијата за иднината на автомобилите на „Financial Times“ во Лондон. Таа вест ја пренел „Autocar“, а денеска речиси сите хрватски медиуми.

Но, пред повеќе од една година, во март 2023-та година, од „Римац Групацијата“ објавиле дека до тогаш е продадена третина од очекуваното производство на „Невера“, односно околу 50 автомобили. Тогаш објавиле дека најмногу „Невери“ се продаваат во Европа и САД, како и дека почетната цена е два милиони евра.


Пред една година биле продадени 50 „Невери“

„Испорачани се повеќе „Невери“, а останатите се во производство. Засега се распродадени 50 автомобили, но сè уште не се испорачани“, рекла шефицата за маркетинг и комуникации Марта Лонгин во март минатата година.

Ако ги земеме како веродостојни и едната и другата изјава од „Римац Групацијата“, изгледа дека од тогаш па до денес не е продадена речиси ниедна „Nevera“.


„Според мене, ниеден податок што го кажува Мате Римац, односно што го кажуваат од неговата групација, не е веродостоен. Едноставно, ако станува збор за изјавите, не им верувам“, вели Луцијан Цариќ, кој во јавноста се истакнал како критичар на трошење на јавни пари на проектот за Роботакси на Мате Римац.

Како што нагласил, тоа што досега излегувало од изјавите за финансискиот успех на „Nevera“, не е потврдено во финансиските извештаи.


„Според тоа што го видов, а според тоа што го видоа моите колеги кои се разбираат во финансиски извештаи, би рекол дека Римац досега продал околу 5-6 автомобили“, вели Цариќ, кој нагласува дека од компанијата на Мате Римац досега нагласувале дека основната цена на една „Nevera“ е околу 2 милиони евра.

Според тоа, ако досега се продадени 50-тина автомобили, тогаш би требало да се види приход од најмалку 100 милиони евра. „Проблемот е во тоа што тоа не се гледа во финансиските извештаи на компанијата. Поради тоа, а и поради останатите изјави кои не се остварија, изразувам скептичност“, заклучил на крајот Цариќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг