[ВИДЕО] „Дали беше паметно да дојдете на „Евровизија“ и да ги доведете во опасност останатите натпреварувачи?“: Новинарите Израелката ја прашале за безбедноста, нејзиниот одговор ги оставил во неверување

Точка

10/05/2024

10:23

10.124

Големина на фонт

а а а

Под редниот број 17, во втората полуфинална вечер на „Евровизија 2024“ настапи претставничката на Ираел, Иден, со песната „Hurricane“.

Од самото пријавување на ова натпреварување, оваа уметница доживеала низа непријатни ситуации, но и смртни закани. Синоќа публиката во Малме ѝ аплаудирала, а на мрежите се полемизирало дали публиката скандирала или аплаудирала.

Имено, сега на Интернет кружи видео во кое новинар ја прашува претставничката на Израел, Иден Голан, дали некогаш помислила дека со своето доаѓање на престижното музичко натпреварување ги довела во опасност и животите на останатите натпреварувачи и на публиката, на што таа одговорила:


„Мислам дека сите сме тука само поради една причина, а тоа е да ги преземе сите безбедносни мерки за да го направиме ова натпреварување единствено и да ги обединиме сите. Така што мислам дека да, тоа е безбедно за сите, инаку немаше да бидеме овде доколку ситуацијата е поинаква“, изјавила Иден Голан.

Да потсетиме, во тек е престижното музичко натпреварување „Евровизија 2024“, а синоќа се одржа втората полуфинална вечер, додека финалето ќе се одржи во сабота на 11 мај.




Спонзорирани линкови

Маркетинг