[ФОТО] Шекил О’Нил постојано ја изневерувал поранешната сопруга, па го допрел дното: Таа вели дека никогаш не го сакала додека биле во брак, а неговата реакција ги потресла сите

Точка

10/05/2024

11:09

3.034

Големина на фонт

а а а

Поранешната сопруга на Шекил О’Нил напишала мемоари „UNDEFEATED: Changing the Rules and Winning on My Own Terms“, кои се објавени на 7 мај. Во оваа книга таа говори за поранешниот сопруг со кого била во брак од 2002 до 2011 година. Една од нејзините изјави е прилично интригантна, како и неговиот одговор.

„Гледајќи наназад, не знам дали некогаш сум била навистина заљубена во маж. Бев заљубена во идејата да бидам во брак со човек со кој имав семејство, бев заљубена во идејата за градење заеднички живот“, напишала поранешната сопруга на Шекил О’Нил, Шони Хендерсон.

Поранешниот пар има четири деца, две ќерки и два сина. Шекил О’Нил има такви родителски методи кои изненадиле многумина.


Шони Хендерсон врската со легендата на НБА лигата ја започнала во деведесеттите, а во 2009 година поднела барање за развод. Кошаркарот ја изневерувал поранешната сопруга, а тоа го признал и во мемоарите „Shaq Uncut: My Story"

На таа тема во една прилика изјавил: „Постојано ја изневерував сопругата. Бев најдобар во тоа. Не се гордеам со тоа, поради тоа го изгубив семејството, изгубив многу важни години со моите деца бидејќи го правев тоа … Но, да одговорам на прашањето, секако дека не вредеше. Ќе ви кажам и зошто. Најсреќните денови во мојот живот беа кога одев дома, а шесте деца ми се обраќаа со „тато“. Заборавете на парите, автомобилите, заборавете ги и титулите.

Не сакам да го користам зборот депресија бидејќи знам дека многу луѓе страдаат од неа, но кога го изгубив семејството, често бев на дното. Дури и сега понекогаш сум потполно на дното, особено кога сум сам во мојата куќа во Орландо која има 6.500 квадрати, сосема сам. Нема никој. Куќата ја изградив за моите деца. Бев глупав затоа што го изгубив тоа и тоа ме уби“.


По новиот коментар на поранешната сопруга, познатиот спортист на „Instagram“ напишал: „Разбирам … Ниту јас не би бил заљубен во себе. Ти посакувам сè најдобро. Многу љубов“.

Во книгата, Шони ги навела и овие детали за нејзиниот поранешен партнер: раскажала дека „навистина уживала да поминува време со него, додека тој се обидувал да биде светски познат мултимилионер од триесет и нешто години со илјадници жени кои се фрлале на него“, а истовремено бил и сопруг и татко, пишува „People“.


Пораката на Шекил О’Нил му се допаднала на синот на Шони Хендерсон, од нејзината врска пред бракот со Шекил, па порачал: „Те сакам, ми го спаси животот“.


Познатиот кошаркар има и ќерка со поранешната девојка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг