Зошто никогаш не треба да ја фрлате течноста што се појавува на површината на киселото млеко?

Точка

10/05/2024

11:28

10.117

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте забележале вода врз вашето кисело млеко или павлака и сте се запрашале што е тоа? Доктор од Универзитетот во Сандерленд тврди дека иако можеби не е најубавата глетка, течноста никогаш не треба да се фрла.

Многумина од нас прават грешка да ја фрлаат храната што не изгледа добро, кога веројатно е нешто што е сосема во ред. Според „Business Waste“, во Велика Британија годишно се фрлаат дури 9,5 милиони тони храна.

Зборувајќи со своите 5,3 милиони следбеници на „TikTok“, д-р Каран Раџ од „Универзитетот во Сандерленд“ тврди дека „мистериозната“ течност е всушност преполна со витални хранливи материи и бројни витамини.


„Не цедете го толку брзо, мислејќи дека вашето кисело млеко се расипало. Оваа течност е полна со есенцијални хранливи материи – протеини, калциум, Б12, дури и пробиотици – како и мноштво други минерали“, зборувал тој.

Оваа вода направена од кисело млеко има и име – сурутка. Се создава кога млекото е подложено на „коагулација“ – процес во кој се згуснува во сирење или кисело млеко, пишува „Mirror“.

Додека дел од млекото се зацврстува и формира „грутка“ – што е цврстиот дел од сирењето или киселото млеко – се создава и течност, односно сурутка, пренесува „N1 Загреб“.

Д-р Раџ продолжил: „Колку подолго го оставате киселото млеко недопрено, толку е поголема веројатноста сурутката да се наталожи и издигне на врвот, оставајќи воденеста фолија“.


„Во многу поцврсти сирења, како што се чедар или пармезан, сурутката всушност е исцедена и има намалена содржина на лактоза“, додал докторот.

На оние на кои им пречи оваа течност, не треба да ја истураат, туку едноставно да измешаат кисело млеко и на тој начин да добијат вкусна и здрава храна која може да ја комбинираат со разни други намирници, од јајца до зеленчук.




Спонзорирани линкови

Маркетинг