Истражување: Во која година од бракот партнерите најчесто почнуваат да изневеруваат и зошто?

Точка

10/05/2024

14:30

6.838

Големина на фонт

а а а

Страницата за запознавање „Illicit Encounters“ спровела истражување за да утврди во која година од бракот сопружниците најчесто почнуваат да изневеруваат.

Во истражувањето учествувале 2000 корисници од спомнатата страница. Седум отсто од нив навеле дека тие или нивниот партнер почнуваат да изневеруваат во првата година од бракот.


Пет отсто се одлучиле на овој чекор во втората половина од бракот, 12 отсто во четвртата, исто толку во петтата, а 11 отсто во шестата година.

Во седмата година од бракот изневерувале 10 отсто од луѓето, а толку биле забележани и во групата луѓе кои во брак биле повеќе од седум години.

Речиси половина од испитаниците, за неверството го обвиниле недостатокот на интима во бракот.

Речиси четвртина од луѓето тврдат дека раѓањето деца го нарушил нивниот однос и довел до притисок.

Во резултатите од истражувањето натаму е наведено дека 16 отсто од испитаниците го изневериле партнерот затоа што им било здодевно, па сакале да пробаат нешто ново.


Џесика Леона, претставник на страницата „Illicit Encounters“ изјавила:

„Во денешниот брз свет, паровите се сретнуваат со проблеми во бракот многу порано отколку што тоа било случај претходно“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг