[ФОТО] Цела плажа во Кан гледала во извајаната фигура без ниту една маана – популарната русокоса без грам шминка им одржа лекција на многу од жените

Супермен

23/05/2024

14:02

21.036

Големина на фонт

а а а

Канскиот фестивал е синоним за добри филмови, но и висока мода на црвениот тепих, а во деновите додека трае цел Кан е преполн со познати и влијателни луѓе од светот на шоубизнисот.

Кога не ги посетуваат премиерите или конференциите, тие уживаат во овој модерен морски град, во прошетки по ривиерата или сончање на некоја од познатите плажи.


Можност да се опушти покрај морето имала и манекенката Роуз Бертрам.

Убавата русокоса пред неколку денови заблескала во црвен, заводлив фустан на црвениот тепих, засенувајќи ги сите други дами со својата елеганција и сексапил.

Оваа Белгијка ја нарекуваат модерната Грејс Кели поради истанчениот моден вкус, вродената отменост, но и физичката сличност со популарната актерка.


Папарацо фотографите ја фатиле манекенката во моментите кога одмарала на плажа, а таа парадирала во беж, едноделен костим за капење, покажувајќи ја својата витка, складна фигура – извајани нозе и убаво обликувано деколте.

Таа ова издание го надополнила со златен накит, а манекенката немала ни грам шминка на лицето, докажувајќи дека е вистинска природна убавица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk